СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д. (24) под омнение дека сторил петнаесет кражби.
Во периодот 15. до 23.јануари оваа година пријавениот со кршење на дрвените влезни врати влегол во црквите Св. Богородица и Св. Пантелејмон во Велес, ги скршил дрвените каси и при тоа од двете цркви одзел вкупно 8.000 денари.
Исто така, пријавениот извршил четири тешки кражби во три куќи и една продавница лоцирани во Велес, така што, најчесто со употреба на подесен алат ги кршел катанците од влезните и подрумските простории, влегувал внатре и одземал најразлични предмети како: техничка стока, пари и разни предмети од домаќинството. Кривичното дело „кражба“ го сторил на тој начин што од базен „Снупи“ во Велес одзел компресор за вода и дел од инвентарот. Одземените предмети од наведените кривични дела му ги продавал на лице од Велес кое потоа ги продавало во Скопје и во отпадите како старо железо.
Со наведеното, пријавениот нанел материјална штета во износ од 102.000 денари. Во истиот период, пријавениот сторил и осум кривични дела „кражба“, кои се гонат по приватна тужба, при што на оштетените им нанел материјална штета од 39.500 денари.