Велешанец нелегално превезувал патници во и надвор од земјава

Велешанец доби кривична бидејќи нелегално превезувал патници во Македонија и надвор од земјава.

Тој во текот на oктомври 2013 година со приватен автомобил преку граничниот премин „Богородица“ во Грција пренел три лица од Велес со цел да отпатуваат во Германија и бараат економски азил. Во февруари оваа година едното лице е депортирано од Германија откако таму побарало економски азил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.