Велешанец ограбил тројца Сиријци

24-годишен велешанец доби кривична пријава затоа што на 27 ноември лани околу 23,30 часот на железничката пруга Гевгелија – Велес, заедно со уште две засега непознати лица, пресретнале тројцата сириски државјани и под закан со пиштол ги натерале да легнат на земја.

Откако Сиријците ги послушале, разбојниците со раце и со нозе почнале да ги удираат, а потоа им укрлае 600 евра и четири мобилни телефони.