Велешанец заврши на скопска клиника

На 24.01.2015 година околу 03,00 часот во СВР-Велес од страна на ИМП е пријавено дека истите добиле повик од анонимен граѓанин кој пријавил дека на ул.„Лазе Осмаков“, поточно на влезот од гаражите лежело повредено лице. Од страна на ИМП излезено е на лице место, каде што бил пронајден Т.Д.(1965) од Велес, кој имал повреди во пределот на главата и градниот кош и бил облеан со крв по телото. Т.Д. во неконтактибилна состојба е пренесен во МЦ-Велес, но поради сериозноста на повредите е префрлен во КЦ–Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.