Велешанецот Јован бил убиен за 200 денари

Хорор во Белград: Синот ги убил родителите, па се самоубил?!
Хорор во Белград: Синот ги убил родителите, па се самоубил?!

Расчистено убиството на 90 – годишниот Јован Ц. од Велес, чие тело беше пронајдено минатата недела во дворот на велешката гимназија “Кочо Рацин“. Осомничен за убиството е четириесет и осумгодишниот З.Д., кој веќе е во притвор.

Осомничениот кој инаку бил бездомник, искористувајќи го моментот кога Јован Ц. му бил завртен со грб го удрил со камен по главата, по што жртвата паднала, а потоа му нанел уште неколку удари со каменот. По убиството осомничениот од џебот на жртвата земал околу 200 денари и заминал.

По приведувањето и извршениот службен разговор осомничениот во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството.