Македонија

Велешани дадоа поддршка на иницијативата на ГДОМ

Велешани дадоа поддршка на иницијативата на ГДОМ

Граѓанското движење за одбрана на Македонија – ГДОМ, кое деновиве покрена иницијатива лидерот на опозицијата Зоран Заев да одговара за велепредавство, денеска беше меѓу Велешани за поддршка на оваа иницијатива.

Александар Пандов од ГДОМ вечерва информира дека за оваа нивна иницијатива, за една недела добиле поддршка од над девет илјади граѓани во неколку градови во Македонија, каде што веќе собирале потписи, а со гостувањето во Велес, рече, ја имаат поддршката од околу 11 илјади македонски граѓани.

Тоа, според него е одлична бројка на поддршка од граѓаните во земјава.

– Велешани денеска во мноштво ни се приклучија и ја дадоа својата поддршка за ваквата наша иницијатива, затоа што знаат да застанат на вистинската страна, потенцира Пандов.

Одговарајќи на новинарско прашање Пандов рече дека ставовите на граѓаните во земјава биле час поскоро да заврши ова што и се случува на Македонија вклучувајќи ги и потписите од граѓаните. ­

– Тоа е таа поддршка од граѓаните на Република Македонија кои очекуваат час поскоро да заврши овој циркус на Зоран Заев и конечно целата процедура да влезе во судска постапка. Веднаш потоа и час поскоро да заврши и виновниците да се најдат во институциите каде што им е местото, потенцира Пандов.

фото: Република