Велешани кажаа големо „ДА“ за книгата

Успешно заврши Саемот на книгата во Велес, кој се организираше во рамките на турнејата на книгата „ДА“ за книга. Клубот Матица во соработка со Театарот Јордан Х.К. Џинот, Библиотеката Гоце Делчев и Општина Велес, пред граѓаните на Велес ја претстави својата богата продукција, а како што истакнуваат организаторите, Велешани кажаа големо ДА за книгата.

biblioteka 2

 

Бројни наслови од истакнати македонски и светски автори, со неколку промоции и спојот на книгата со театарот беше една голема новина и освежување во градот на културата за 2015 година.

По завршувањето на саемските активности, во рамките на договорот „од читателите – за читателите“, Клубот Матица во  Библиотеката Гоце Делчев донираше повеќе од 200 наслови од својата најнова продукција.

Куманово е следниот град во кој ќе биде организиран саемскиот караван “Да” за книга на Клубот Матица.