Велешанка се радуваше за Василица со Бинго бум

Државна лотарија на Македонија ја продолжи празничната атмосфера во 2015та со специјалните  кола на игрите на среќа БИНГО БУМ и НОВОЛОТО, направени за големиот празник Василица.

Василичарското коло на играта Бинго Бум беше реализирано на 12.01.15 на МРТ 1. Ова коло играчите вљубеници во играта на среќа Бинго го дочекаа со нетрпение.

-Празничното донесе среќа за многу наши играчи, но најсреќна беше добитничката Ј.В. од Велес. Нејзиното Бинго Бум ливче овојпат и ја обезбеди добивката Бинго Бум. Нашата најнова среќна добитничка е редовен играч на игрите на среќа на ДЛМ. Често следи и игра НОВОЛОТО, се радува на изненадувањата на Инстант лотариите, а оваа година ќе и биде посебно убава благодарение на Бинго Бум.Само за потсетување, вечерва на Сител телевизија го имате празничното специјално коло на НОВОЛОТО од 20ч заедно со прекрасната Марјана.  Премијата за 7ка во ова Василичарско коло на НОВОЛО е  200.000 евра, стои во соопштението на Државната лотарија на Македонија.