Велешанката Весна Угриновска ги доби клучевите од новиот стан

vesnaaaСедмото извлекување на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, го донесе вториот среќен добитник на станбен простор во склоп на наградната игра. Велешанката Весна Угриновска се радуваше најмногу од сите учесници во наградната игра. Среќата одлучи токму ковертот со нејзините фискални сметки и податоци да биде извлечен, со што таа ја доби најпривлечната награда во наградната игра со масовно учество во Македонија.

Во просториите на Државна Лотарија на Македонија, Весна ги доби клучевите од својот нов станбен простор.

Угриновска ни откри дека ова е нејзина прва поголема добивка. Во наградната игра учествувала во секое коло, но не очекувала дека ќе освои било каква награда. Токму поради тоа и изненадувањето било огромно.

Само за потсетување, во понеделник, 24 ноември, со директен пренос на МТВ1, ќе биде реализирано 12тото коло од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“.  И ова коло носи предизвици за радост и добивки. Во 12-тото коло на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ се извлекува за еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

До крајот на годинава, останува и последното 13то коло, кое ќе се реализира на 29 декември 2014. Во ова коло на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ ќе се извлекува за еден   стан, еден деловен простор, еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.