Велигденска декорација: Јајца во омбре техника (ВИДЕО)

Во приложеното видео погледнете како на едноставен начин да направите велигденски јајца во омбре техника со што ќе направите вашата трпеза да изгледа живописно и занимливо.

ombre-jajca-malaПотребни ви се:

  • Јајца
  • Боја за јајца
  • Оцет

Постапка:

  1. Сварете ги јајцата и оставете ги да се оладат.
  2. Во сад ставете боја за јајца и 3 лажици оцет (за светло розе нијанса користете вода).
  3. Ставете го врвот на јајцето во садот за боја, така што тука ќе го оставите да стои додека не ја добиете посакуваната нијанса. Ако јајцето го чувате подолго во садот, ќе добиете потемна нијанса.
  4. Полека ставете малку вода во садот со боја и повторно почекајте неколку минути, а потоа повторувајте ја постапката додека не го бојадисате целото јајце.
  5. Јајцето бојадисано во омбре техника извадете го од садот, пребришете го и оставете да се исуши.

Деталното упатство погледнете го во приложеното видео: