Велија пазарел политики со новинарите од А1?!

Скандалозната снимка која вчера се појави  на Јутјуб каналот, меѓу дугото покажува како Љубе Бошкоски тргува и со пратенички места, со директно ангажирање на новинари од медиуми кои се под контрола на опозицијата.

Бошкоски на снимките  кажува дека во замена за помала цена за реклами на А1 телевизија, тој ќе постави една новинарка како кандидат за пратеник на втората позиција на листата на својата партија во четвртата изборна единица. А, таа новинарка, како што се слуша од снимениот материјал, е дел од проектот „Индекс“. Тогаш, водител на оваа емисија беше новинарката Анета Додевска.
Сепак, Додевска, во разговор со „Нетпрес“, најостро ја демантираше оваа информација, посочувајќи дека се работи за техничка грешка.

„Никогаш не сум била на ничија листа. Се рабори за теничка грешка. Не се работи за мене, туку претпоставувам лицето за кое зборуваат е Анета Василева, лице кое тогаш фигурирала на кандидатска листа и за тоа има докази“, вели Додевска.

slika 1

Василева, еден период, по затворањето на А1 телевизија, беше ангажирана во опозицисцкиот портал „Бриф“.

По разговорот, се наметнува прашањето дали и опозициската  СДСМ издејствувала „попуст“ кај Велија Рамковски за рекламирање, ако се има во предвид дека двајца новинари на оваа телевизија, Сафет Бишевац и Ленче Николовска како претставнци од здружената опозиција предводена од СДСМ и дел од опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ станаа пратеници во Парламентот.