Велика Британија и Бил Гејтс ќе донираат 1,5 милијарда долари за вакцини

Велика Британија и Бил Гејтс ветија дека ќе донираат по околу 1,5 милијарди долари за вакцинирање на деца во сиромашните земји, пишува МИА.

Ова беше најавено на конференцијата во Берлин на Глобалната алијанса за вакцинација и имунизација.

Донаторите ветија вкупно 7,5 милијарди долари за имунизација на 300 милиони деца во сиромашните земји против болести како дијареа, пневмонија, хепатит Б и мали сипаници.

Гејтс вети 1,55 милијарди долари, Велика Британија 1,5 милијарди, а Германија 600 милиони.