Велика Британија и САД заедно во борбата против џихадистите

Велика Британија би можела „рамо до рамо“ со САД да ги води операциите против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија, изјави американскиот генерал Џон Ален по средбата со британскиот државен секретар Филип Хемонд.

– Ние се боревме рамо до рамо во Ирак, а такви бевме и во Авганистан, истакна Ален на прашањето за британско-американската алијанса против екстремистите на ИД.

Координаторот на операцијата, која САД ја водат против ИД, нагласи дека „тие се во тесни консултации и смета дека наскоро би можеле да бидат заедно во оваа борба“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.