недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 30

Велика Британија испраќа воен брод во Црното Море првпат по Студената војна

Велика Британија испраќа воен брод во Црното Море по првпат од крајот на Студената војна, пишува британскиот весник „Дејли мејл“. 

британија

Поврзани вести

Разурнувачот „Данкан“ опремен со последниот модел на зенитни ракети, е еден од најмодерните британски воени бродови.

Тој ќе отпатува кон Украина со речиси 60 команданти од военоморските сили.

Испраќањето на брод во Црното Море е дел од најголемото распоредување на британски воени сили до руската граница после неколку децении.

Тоа е сериозна демонстрација на сила од страна на британскиот премиер Тереза Меј, која истакна пред американските политичари дека Велика Британија и САД треба да се исправат пред рускиот претседател Владимир Путин.

Бродот ќе биде предводен од силите на НАТО и ќе помага за заштита на 650 британски војници, кои учествуваат во тајни вежби во Украина.

Британски експерти веќе обучуваат на пешадиски вештини илјадници украински војници.

Велика Британија испраќа јасна порака дека сме ангажирани да ја заштитиме демократијата во светот и да ги поддржиме суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон.

Се очекува пристигнувањето на бродот во Црното Море да се случи истовремено со распоредувањето на британските војници во другите источноевропски земји.

Велика Британија ќе испрати околу 800 војници во Естонија во текот на летото.

Таа ќе испрати и 200 војници во Полска, како и ловци „Тајфун“ во Романија.

Најчитани вести