Балкан,Свет

Велика Британија ја пушта во оптек првата пластична банкнота

Велика Британија ја пушта во оптек првата пластична банкнота
A woman holds up a new £5 (6.5 euros, $7.2) banknote bearing the image of wartime leader Winston Churchill at its unveiling by the Bank of England at Blenheim Palace in Woodstock on June 2, 2016.The note, to be rolled out from September, is the first to be printed on polymer -- a thin, flexible plastic film that is seen as more durable and secure and is already used in Australia and Canada. / AFP PHOTO / POOL / Joe Giddens

Во Велика Британија денеска ќе биде пуштена во оптек првата пластична банкнота. Се предвидува новите банкноти од 5 фунти да излезат во 440 милиони примероци, соопшти централната Банка на Англија.

Банкнотата ќе биде со ликот на британскиот лидер од Втората светска војна, Винстон Черчил. Официјално таа беше претставена на 2 јуни.

Централната банка уште во 2013 година најави дека Черчил ќе се печати на следниот апоен од 5 фунти, којшто пак, треба да биде од пластика.

Полимерските пари ќе бидат посигурни и потешки за фалсификување отколку книжните, додаваат од  централната Банка.