Велика Британија: Над 500 деца биле дел од програмата за „дерадикализација“

Во Велика Британија околу 1.000 деца биле избрани од страна на наставниците за програма за дерадикализација со цел да се спречи во иднина истите да станат терористи – но водечките здруженија на наставници велат дека одредени малолетници се пријавени непотребно.

Властите исто така се предупредени и за стотици пациенти и студенти што наводно биле под влијание на екстремизам, пишува Тајмс.

Барем половината од нив биле понатаму испратени на програмата, но за нив не била потребна никаква понатамошна интервенција.

Противтерористичкиот и безбедносен акт бара од наставниците да превенираат во тоа одредени лица да бидат регрутирани од терористи.

Според мерките, исто така и здравствениот сектор, локалните власти, затворите и полицијата треба да придонесат за ова.

Во училиштата во Англија и во Велс 1.041 деца биле  запишани за програмата за дерадикализација во 2015-тата година, а во 2012-тата година на оваа листа имало само 9 деца на национално ниво.