Велика Британија по грешка им се закани на 100 државјани на ЕУ дека ќе ги депортира

Британското Министерство за внатрешни работи (Хоум Офис) предизвика вознемреност во домашната политичка јавнст и во Брисел, откако на 100 државјани на ЕУ им испрати писмо во кое ги известува дека ќе бидат депортирани од Британија, а потоа соопшти дека станува збор за „грешка на администрацијата“.

Претставник на министерството изјави дека „итно е покрената истрага“ за целиот случај и за тоа како дошло до неа, уверувајќи ја домашната и европската јавност дека владата на Велика Британија не сменила ништо во однос на статусот на европските државјани.

– Ние сме апсолутно определени кон политиката за тоа дека правата на државјаните од ЕУ кои се на британска територија, остануваат непроменети, изјави претставникот на Хоум Офисот.

Луѓето кои имаат добиено вакви писма, меѓутоа, бурно реагираа на односот на британската владина админстрација кон нив, обвинувајќи ја дека се доведува во ситуација никој повеќе да не верува во изјавите на премиерот Тереза Меј и на министрите кои се вклучени во процесот на Брегзит.

Меѓу тие 100, нема бездомници и оние кои престојуваат за да не работат и да живеат од социјална помош, туку има професори и интелектуалци кои работат, земаат плата и плаќаат данок.

На социјалните мрежи, овие луѓе изјавуваат дека се шокирани од постапката на британските власти, кои инаку се обврзани да не прават ништо со статусот на европските државјани, барем до формалното излегување на Британија од ЕУ, во март 2019 година.

Проевропската организација „Отворена Британија“ го означи потегот на Хоум Офисот и грешката во која не веруваат, како срамен момент за Британија, но најмногу за целата влада.

Опозициската Либералдемократска партија побара од министерот за внатрешни работи Амбер Рад да им се извини на луѓето на кои им пратила писмо за да си одат дома.

Во писмото се вели дека тие што ги добиле имаат еден месец за да ја напуштат Британија, како и доколку тоа не го направат, ризикуваат насила да бидат одведени во прифатен центар, а од таму протерани таму од каде дошле.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.