Велика Британија: Поради нездрава храна ученик исклучен од училиште

Британските власти секојдневно водат борба за здрава храна на учениците, а неодамна во едно училиште ескалирале конфликтите помеѓу наставниците и несовесните родители кои резултирале со исклучување на ученикот од училиште.

Шестгодишниот Рејли Пирсон, како што пренесува виенскиот весник „Стандард“, најпрво бил суспендиран од настава, а потоа и исклучен од училиштето.

Тамошните надзорни органи инсистираат на подобра настава, а со тоа и дисциплина, а на почетокот на годината се воведени нови правила за ужинка.

Тие побарале од родителите, кои што им праќаат ужинка на нивните деца, да биде урамнотежена и здрава, а било забрането во училиштата да се носат чоколади, бомбони, чипс и слатки сокови.