петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 40

Велика Британија воведе данок на пијалоци со шеќер

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн при вчерашната промоција на буџетот најави дека Британија ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе данок на пијалаци со шеќер со цел да се справи со зголемениот број на лица со прекумерна телесна тежина, а средствата што ќе се добијат ќе бидат пренасочени во развојот на училишниот спорт, пишува „Индепендент“.

sekeri

Поврзани вести

Тоа значи дека пијалоците што содржат шеќер веројатно ќе се продаваат поскапо. Иако Владата има за цел да ги таргетира компаниите, а не потрошувачите со цел да се натераат производителите да преземат иницијатива за да се намали нивото не шеќер во пијалоците, сепак не постои механизам што ќе ги спречи компаниите едноставно да ги зголемат цените на пијалоците.

Што се однесува до данокот, тој ќе зависи од тоа колку шеќер има во пијалокот. Со оглед на тоа што законот ќе стапи во сила од 2018-тата, компаниите ќе имаат можност да го намалат нивото на шеќери пред тоа. За пијалоците со 5 грама шеќер во 100 мл ќе се плаќаат по 8 пени за литар, а за оние што имаат 8 грама шеќер или повеќе че се плаќа данок од 24 пени за еден литар.

Sugar-Tax

Според истражувањата на „Дијабетес ОК“, спроведени во меѓувреме, околу 43 отсто од луѓето во Велика Британија изјавиле дека би купувале помалку газирани пијалоци доколку нивната цена се зголеми за 20 пени.

Данокот ќе важи за сите пијалоци што содржат повеќе од 5 грама шеќер во 100 милилитри, освен за природните сокови без шеќер и млечните пијалоци. Тоа значи дека Британците ќе плаќаат повисоки цени за Кока Кола, Пепси, Фанта, но и за детските сокови.

Воведувањето на данокот е на барање на здравствените експерти

Даноците за засладени пијалаци може да помогнат милиони луѓе да не подлегнат на прекумерна тежнина во следната деценија, соопштуваат здравствените експерти во Британија, пренесува „Дејли Експрес“.

Тие исто така…

Најчитани вести