недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Велика Сабота – Ден пред христовото воскресение

Вечерва на полноќ верниците ќе го одбележат христовото воскресение, кога почнува еден од најголемите христијански празници Велигден. Вечерва се оди во црква каде што се носи црвено јајце.

magicna-mok

Поврзани вести

Вечерва на полноќ верниците ќе го одбележат христовото воскресение, кога почнува еден од најголемите христијански празници Велигден. Вечерва се оди во црква каде што се носи црвено јајце.

Христијаните денеска ја слават Велика сабота, ден на свештен трепет пред Христовото воскресение. На полноќ верниците ќе го одбележат христовото воскресение, кога почнува еден од најголемите христијански празници Велигден. Вечерва се оди во црква каде што се носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црква се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение.

На Велигден, верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Ваистина воскресе“.

Најчитани вести