Велиновска: Ако Фрлевци се обидат да си го приватизираат Собранието и да си играат тиранска држава, ќе останат без пердуви

-И, сега, нормално е што пиздат најшлакнатите во кокошарникот на Сорос, УСАИД и на ЦИА. Мислам на менталните пубертетлии Фрчкоски и Грчев. Ним сега ич не им е до смеење. Не бе, тие ги советуваат своите зомби-следбеници да си ги исукале стаповите со две јајца, та да го фателе на изненадување народот и да удреле по него. Со таквото. И така ќе ја прекинеле НОБ. Е, тоа ти е капацитетот на овие шупци! Во една колумна на времето го споредив Фрчко со Обеликс, кој го советуваше Астерикс како да го украдат лаворовиот венец од царската палата на Цезар. Вели: „Развалимо врата, разбуцамо стражу, узмемо венац и изаѓемо. Kако ти се свиѓа мој план?“ Тоа, де. И Фрле мисли дека уште како бебе паднал во казан со волшебна напивка која му дава ненормална сила, па мозок и не му е потребен, освен троа во патлакот со кој ни се курчи. Секогаш на крајот излегува дека се фали со „фејк оружје“. Оти му е со мал „добац“. На ваков стратешки пристап од страна на дупачот Фрле, Богдан Илиевски двапати кажа каков одговор ќе следува од „изненадениот“ народ. Им порача на Фрлевци дека ако се обидат да си го приватизираат Собранието и да си играат кобајаги тиранска држава, ќе останат без пердуви. Kако што рече, низ три обрачи на македонскиот земски пекол, а преку Собранието, ќе минат, пишува Велиновска.

Велиновска пишува дека му верува на Борис Дамовски кога вели дека никогаш не се смеел толку многу како сега и никогаш не видел толку самоуверени и весели огреани од надеж Македонци како последниве шест недели.

-Така е тоа кога сте самоуверени, сигурни во себе и решителни. Тоа е ефектот кога ќе се ослободите себе си, кога сте донеле одлука, а сте си го ставиле стравот под самоконтрола. Вашата сила, уште кога е на купче, е смртоносно оружје за секој потенцијален криминалец, агресор, крадец. Не е можно дури ни „бутс он а граунд“ да спушти некој во таков амбиент. Можеби кога сте во водовриежот не забележувате, ама ако само малку се дистанцирате, ќе забележите дека Македонија првпат по четврт век е топ-вест во ЕУ, позитивен пример на Балканот и трета по важност вест со денови во американските медиуми. За нас, пак, дома, првиот ефект од протестите е тоа што јасно ни ги откри трагите на македонскиот елитистички општествен, политички и економски џган. Тие, невидливи фаци, секој од нив и топтан, не се дел од црвено-жолтата Македонија. Ги нема ни на протестите, ни со изјави, ни со симболични знаменца во реверите или на прозорците од нивните „кабинети“ на четири тркала. Во надеж и страв го чекаат крајот на државата Македонија оти само ако ја снема, тие ќе спијат мирно. Против Зајко не смеат да писнат зашто ги уценува со материјалите што му ги даде британската разузнавачка служба и ЦИА, пишува Велиновска.