вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 36

Велиновска: Избор меѓу фашистичка диктатура и традиционална демократија

mirka-dnevnik

Последни вести

Одиме на избори мислејќи дека ЗНАЕМЕ зошто слепо сме заљубени во една политичка опција и МРАЗИМЕ некоја друга. Па тоа е главно заради симболиката што ни е силно втисната во потсвеста како впечаток.

На почетокот на антички плурализам во ,,демократска“ Атина и ,,републиканскиот Рим“, инаку обата робовладетелски, левицата и десницата биле суштински, значи симболички претставени како производствена (левичарска) и трговска (десничарска) политичка опција. Но вредносно, обете се носители на интересите на елитите. Левицата и десницата во 18 и 19 век на европскиот континент идеолошки и интересовно ги претставувале интересите на класите како широка политичка база за воспоставување контрола на теренот.

По падот на класичниот биполарен идеолошки концепт на уредување и инсталација на едно светско царство за кое темелите почнаа да се копаат во Америка и Европа, преку забегани филозофски проекции се обидуваат да го надоместат недостигот на симболика, така што старите симболи ќе ги пополнат со нова суштина, односно содржина. Баш по изборниот земјотрес во Америка и претходно по брегзит, токму еден од хиерархиски високите службеници на ЦИА задолжени за идеологија, убаво објасни што се случува сега во светот и зошто политичките партии, партиските естаблишменти се обеспаметени и збунети од тоа што се случува со ,,стандардните“ гласачи. Вели, проблемот е во тоа што елитите и експертите не знаат дека од симболите на кои им верувале претходно веќе е извлечена првичната суштина и е заменета со сосема друга. ,,Еднаш злоупотребен симбол, не може да си се врати во претходната состојба. Заборавете го“.

Пример за тоа е свастиката (оригинерно симбол за вечност на енергијата) и петокраката (симбол на вечниот живот преку промени). Практичарите и рационалните немаат таков проблем. Го имаат фанатизираните или индоктринираните кои се под дејство на испровоцирана самохипноза и жртви на шематизирано образование. Оттаму денес здраворазумните немаат проблем да видат дека сегашната ,,десница“ во многу нешта е вчерашната оригинерна левица и обратно. Денешната левица, социјалдемократијата и либералите, се радикална профашистичка идеологија. Затоа нека не ве чуди што Доналд Трамп зборува за работничка класа, а Хилари Kлинтон застапува корпоративен профитерски капитализам. И во Македонија, СДСМ која го отпиша работништвото уште со приватизацијата, земјоделецот како валкан и неписмен получовек, а народот, односно, Македонците како проста маса, не е лева партија. Напротив, таа идеолошки и практично дејствува како неофашистичка авторитарна групировка. Но и ВМРО не е традиционално десна. Оти програмски го пополнува левиот социо-идеолошки простор.

Менгелеевски експеримент

Значи, кога ќе одиме на 11 декември на гласачките места, гледајте ги симболите со свест дека не се тоа што биле пред половина век. Денес имаат поинаква содржина или суштина. Ова нормално не важи за оние избирачи што се индоктринирани и фанатизирани. Новата суштина на старата веќе изнасилена и целосно сменета симболика е јасна и ужаснувачка. Новиот светски поредок што партнерски го туркаат елитите на САД и Велика Британија, божем како прогресивен, човечен и левичарско ослободувачки систем на вредности, е најмонструозната варијанта на антихуманизам и фашизоидност со која се среќава човештвото.

Што му е крајната цел? Преку користење менгелеевски лабораториски методи да се исцица старата (изворната) матрица за идентитетот на групите кои формираат општество и држава, а тука спаѓаат традициите, јазикот, културата, религијата, филозофија на животот, исхраната, историското сеќавање се до името на заедницата и нивно заменување со нов вид на заедници, оти човекот, освен што е индивидуа, е дизајниран и како социолошко суштество кое не може да живее надвор од заедница. Па, така, сведоци сте на креирањето на нови социолошки феномени, односно, пополнување на старите идентитетни симболи – православни христијани, католици, протестанти, сунити, шиити, исмаилити, алавити – со нова суштина и ете ви ги ГМО ЗАЕДНИЦИТЕ. Добивате безлична, а авторитетна меѓународна заедница, меѓународна кризна група, европска тројка, билдерберг група, агресивно–хистерична педерско-лезбијска заедница, некакво си отворено општество кое сака да ве затвори во концентрационен логор во кој се одгледуваат бројлери, па активистичка заедница на безидентитетни граѓани, па исламски радикали, вахабисти, алкаедисти.

Се родија антиобразовни пленуми, се организираат божемни граѓански револуции со симболична палета од бои. На јавно медиумско гилотинирање одат симболите како што е национализам, традиционализам, континуирана историја, национален јазик, законодавство и вредности. Ние во Македонија ги одгледавме манифестациите на новиот светски поредок, кој го финансираат токму телата на Стејт департментот и Форин офисот (УСАИД, ОТИ, Сорос) во координација со ЕУ и НАТО, ОБСЕ и слични такви организации, уште во 2001 со сатанизирање на одбраната на Македонија од надворешна агресија и компромитирање на патриотската самоорганизирана мобилизација. Потоа, во вмрежените акции на Архибригада, Плоштад Слобода, Цивил, Отворено општество, Метаморфозис, Разбуди се, а се однесуваа на „Скопје 2014“ односно, симболично на „антиквизацијата“ како непријател на менгеелевскиот експеримент. Сетете се на агресивниот координиран интернационален пропаганден напад на појавата на Македонската енциклопедија.

Може и да не сте свесни, ама веќе сте под окупација на невидлива, а дејствителна евро-атлантска разузнавачка заедница која масовно прислушува седум милијарди луѓе, која намерила да ви вгради чип уште кога ќе се родите и така далечински да ви управува со животот и смртта, која има овластување да киднапира, убива, суди пресудува, да мачи кого сака, каде сака и колку сака. И се викало тоа ,,мека диктатура на либералната демократија“ која ќе ги разгради и уништи ,,традиционалните“ демократски конституирани власти кои ќе ги именува идеолошки како диктаторски режими.

Исфрлање на народот

За да го стори тоа, нормално треба да ја наполни со нова симболика старата демократија. Па затоа од демократија треба да се исфрли демосот како суверен на старите држави. Треба да се отстрани од изборниот процес, односно од гласањето. Затоа неофашистите не признаваат изборни и референдумски резултати. И во Америка и во Македонија. Нека не ве буни тоа што во обата случаја главни актери се ,,левите“ демократи во САД и ,,левите“ сдсмовци во Македонија. Бидете свесни дека според дејствата, јасно е како ден дека станува збор за носители на најбрутален неофашизам кој неколкукратно го надминал дострелот на одживеаниот Хитлеров нов светски поредок. Него го најави уште на почетоков на деведесеттите од минатиот век, ,,филозофот“ Френсис Фукујама кој ,,предвиде“ дека со појавата на ,,либерализмот“ завршува човековата колективна меморија, односно историја, а почнува времето на бројлерскиот лоботомиран индивидуализам, а пред една недела очајнички се обиде да го одбрани последниот црпнат император Барак Обама.

Имајќи го сево ова на ум, на 11 декември кога ќе тргнете кон гласачките места, знајте дека не гласате за старите симболи или бои на кои неколкукратно им е извадена првобитната суштина, туку за вредносни системи и филозофија на живот. Kонкретно, ВМРО-ДПМНЕ е политичка групација составена од несовршени индивидуи со различен капацитет и способности, ама го застапува традиционален концепт на општествено уредување преку национални држави, со идентитетно јасен титулар народ, со дефиниран јазик, култура, историја, религија, животен стил… И вториот, СДСМ кој отворено веќе ја разградува државноста на Македонија преку оспорување на нејзината суштина и содржина, преправајќи ја во ,,Швајцарија на Балканите“. Оттаму, просто е безобразно дрско црпнатиот Зоран Заев да не` убедува во нов живот додека се обидува да не` убие и притоа како хипнотизерска мантра да го изговара симболот Македонија додека најавува дека ќе ја исцица вампирски токму суштината (крвта). Тој некако природно се преоблече во костумот на Ванчо Михаилов. Kомотен е во тој ултрадесен политичко-идеолошки простор. Едноставно, неговата ,,наша Македонија“ не е еквивалент на се уште постојната, жива и историски реална Македонија. Е баш тоа на овие избори мораме недвосмислено јасно и гласно да го соопштиме. Па бујрум после по примерот на Хилари и Обама, а заедно со Сорос (ОБСЕ и Бејли се подразбираат како логистика за утврдување кредибилност на избори) нека проба да бара нов рикаунтинг со нови фантоми.

Мирка Велиновска за Дневник

Најчитани вести