Македонија

Велиновска: Ме излудува манипулацијата со студентите која ја прави опозицијата

Велиновска: Ме излудува манипулацијата со студентите која ја прави опозицијата
Велиновска: Непристрасно известување не е можно со пристрасно мешање однадвор

Новинарката Мирка Велиновска во синоќешното гостување во шоуто на Миленко Неделковски истакна дека ја излудува манипулацијата со студентите која ја прави опозицијата.

-Да ги пуштиш децата кои се твои жртви во први борбени редови како на сремски фронд, а проектот ти е да се заштитиш и пропратно да му помогнеш на Самарас.Таква ситуација да извадиш на улици таква маса, за да падне демек власт, да се формира техничка влада или заедничка влада, да се организираат демек избори и да го изведеш она што веќе девет години се трудат да го направат, да се потпише промена на име и Самарас да си биде обезбеден. Јунак, споменик сред Атина да му кренат Грците и да го бираат доживотно, нагласи Велиновска.