Велиновска: На која држава и одговара пучот на Заев?

Овде воопшто не се работи за тоа дали Заев е паметен или е наивен, овде се работи за нешто многу посериозно.

Премиерот, како што понецираше Мирка Велиновска на гостувањето во емисијата „Акцент“ на МТВ, излезе со изјава во која во секоја реченица и секој збор беше упатена порака, тоа значи дека не се работи за банален скандал предизвикан од нервозен политичар на кој лошо му оди во партијата.

Преседаните ја чинеа Македонија многу: изменета уставна перамбула, избришан АСНОМ, спуштена категоријата етничка заедница од категроријата народ. Тоа ни го намали значењето во преговорите со Грција, односите во Бугарија, ни падна цента во ЕУ, ни направи упад во системот и вградивме фабричка грешка….

Велиновска потсети дека сето тоа беше како резултат на тоа што аферата „Големо уво“ немаше соодветна судска разврска.

-Во меѓувреме се појави една страшна струја на т.н.  логистичари од невладин сектор и во медиумите која заговараше интервенција од надвор. Еден од заговорниците беше и Љубомир Фрчковски. Странска интервенција и активно мешање во внатрешните работи на Македонија, која претендира да биде суверена, кажува дека овде постојат политички лидери и јавни личности кои заговараат Македонија да биде нечиј протекторат, подвлече таа.

Велиновска подвлече дека во говорот на премиерот биле упатени силни пораки.

-Сигурно не му кажува на Заев: не сме Македончиња туку Македонци, зошто и Заев се декларира како Македонец. Ова е до оние од чија сила црпеше „сила“ господинот Заев зборувајќи дека ќе пласира бомба, додаде Велиновска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.