Велиновска: Народниот гнев беше испровоциран од една квислиншка банда, која глуми легална партија

Влегувањето на народ во Собранието, па и тепањето, се реакција на збир од криминални акции во континуитет на божемните разумни и „храбри“ избалансирани и „модерни“ кобајаги политичари, пишува меѓу другото во својата анализа за Дневник политичкиот коментатор Мирка Велиновска.

Хорското осудување на насилството и троа ќотек за превратниците и криминалците во одела и заштитени со имунитет, е тешка провокација за да се обескуражи народот, кој е нападнат фронтално и кој се брани инстинктивно од уништување. Безобразно е и арогантно политичарите што се покажаа сосема неспособни и недораснати да се справуваат со местенки, фингерајки и кризи сега да глумат разумни луѓе со авторитет и интегритет, кои ќе ја повикуваат жртвата на разум и мирноќа, додека секакви стрвинари ја черечат уште жива. Да повторам. Македонскиот народ е тој што се огради со бетонски ѕид од сите што со години учествуваат во разнебитувањето и крчмењето на Македонија и има право да се срами од своите таканаречени државотворни политичари, кои се покажаа како диво месо на националниот организам. Ниту еден колективитет не ја срами државата и не ѝ нанесува штета на својата држава со своите постапки. Оние што тоа го прават се политичарите. Македонија во континуитет ја мивкосуваат домашни и странски бандити маскирани во цивили. Сега сме доведени до крајот. Се води борба за живот.

Kога политичарите не се способни

Ние населението на Македонија, Македонците, сме горди на себе, горди сме на Дурловски, Дамовски и Илиевски, на Петрушевски, Јовановски, Kлимовски, Бошњаковска, Ивона и на сите други водачи и учесници во движењето „Жолто-црвена Македонија“. Повикот на апатичните и неспособни политичари и Соросовите медиумски платеници, полицијата и судството да ги откриеле и казнеле оние што во Собранието тепаа заштитени со имунитет криминалци, фашисти и квислинзи е тешка лакрдија, која се одигра своевремено и во Струга, кога очи в очи со народниот гнев се најде Владо Бучковски и пред тоа кога со таков народен гнев се сретна Љубе Бошкоски по арачиновската дубара во 2001 година. Безобразно е вината за Вартоломејската ноќ во Собранието да им се лепи на водачите на Народниот фронт за Заедничка Македонија, кои немале контрола врз настаните, а не на оние што со своите „политики“ и процедури дозволија вака да ескалираат работите. Народот кротко очекуваше расплет на кризите што ги имплантираа американските и европските амбасадори по налог на своите влади веќе две години. Верувајќи дека македонските политичари знаат и умеат да ги заштитат државата и интересите на своите граѓани. Ама се покажа дека во Македонија сега нема способни и одважни политички дејци што ќе го пресечат Гордиевиот јазол. Државната политика е сведена на „купи ден – продај“ стратегија. Никој од постојните нема таков капацитет или, што би рекол Никола Груевски, толку можат. Само, да расчистиме. Вакво искрено признание за слабо бабуле може да биде некаква олеснителна околност доколку стои во сивито на секој од нив пред да истрча на избори како кандидат за народен претставник. За да знае избирачот дека стоката што е изнесена на тезга има фелер. На пример, кусоглед е, плашлив, сметкаџија, кариерист, митаџија или сл. Признание за лична слабост и ограничени способности е крајно несоодветно и штетно кога се дава среде отпочната битка. Особено откако се мантра 24/7 дека постои партија што немало да дозволи растурање на Македонија, а сите гледаме дека ниту една државна институција со која раководат не дејствува според Уставот и законите. Државното обвинителство дури се дрзна да не го ферма ни шефот на државата, кој побара од обвинителите да си ја вршат уставната должност во третирањето на превратниците. Kому не му е јасно дека паликуќата, растурачот, силеџијата и убиецот не ги вршат своите дела по процедура и демократски? Затоа и не можете со нив да се справите демократски и процедурално. На агресивен канцер не одите со седативи и аналгетици. На гангрена не одговарате со чајче и мелем. Пучистот и криминалецот и воениот злосторник не го каните на дијалог, па уште разумен да бил. Дајте, не обидувајте се да нé правите улави и ваши соучесници во злосторот против Македонија и Македонците! Здравиот разум е со нас, а богами и Светиот дух. Не играјте си со нашата добра волја и желба за мир и соживот. Не спречувајте го народот да се самоорганизира за одбрана на сопственатиот дом и земја. Ако сегашниве политичари самите велат дека немаат сила за борба, оставете граѓаните сами да си изберат способни меѓу нив.

Маскираните

Ноќта кога превратниците како циркусантска дружина во циркуска шатра си избираа спикер и паралелен врховен командант, иако се знаеше и беше очекувано како дејство по сценариото, превентивно не дејствуваше ни Ѓорге Иванов (се јави со исплакната шаблонска изјава дури по настаните), ни вмровските пратеници. А по настаните, наместо полицијата да ги изведе пучистите од Собранието со лисици на раце и да ги одведе на сослушување пред да му врачи на Обвинителството материјал за покренување обвинение, вистинските виновници направија народот да биде лошото момче и главна приказна во пропагандната офанзива да стане „енигмата“ кои биле неколкутемина маскирани тепачи. Kои сака нека се, дури и вметнати провокатори да се, тоа не го менува фактот дека народниот гнев беше испровоциран од една квислиншка банда, која глуми легална партија, и дваесетина членови на мафијашка, злосторничка, балистичка организација под закрила на ЕУ и ЦИА со своите команданти шака евро-атлантски амбасадори.

Нам сега не ни се потребни раскажувачи на епови, не ни се потребни салонци со ограничени ментални способности, кои се нудат да нé бранат и штитат до последна демократска процедура. Ако уште не знаат, противниците и непријателите на Македонија не фермаат ни демократија, ниту почитуваат процедура. Дрски се и затоа успеваат. Затоа, според непријателот и неговите карактеристики, се организира и видот на одбраната. Просто кажано, на гомнарот со гомнарска цевка. На терористот се оди агресивно и со сите средства. На пучистот на самото место, како по турскиот обид за преврат, прво народот ја практицира народната правда го клекнува, го тепа воспитно и соблекува до гаќи, па полицијата го презема организирано и го води на исповед пред истражител, па го држи во притвор до судење и го праќа во затвор. Тоа е процедура во вонредна состојба. И е демократска оти превратниците се антидемократите. Постои и уште една процедура што Македонците ја применија во Втората светска војна. Вооружен народ собран во ноародноослободителен фронт кој дејствува секаде илегално, а организирано и ништи петоколонаши, предавници, двоцевкаши ,,неутрални“ од почетокот до крајот на борбата. Нормално, во таква ситуација сосема е можно покрај сувото да гори и суровото, оти сé се одвива брзо и со кренати емоции. Така е запишано и во Библијата кога Мојсие и поробениот еврејски народ му објавија НОБ на фараонот и Египет. Врз Македонците се врши етапен геноцид од божем цивилизираниот дел од светот. И тие не го прифаќаат мирно тоа. Оние што ова не го гледаат се или глупави или слепи.

Има ли друго чаре?

Затоа, овие што повикуваат на разумно однесување треба итно да се вразумат и скурдепсаат. Македонците се гневни, а ќе станат и насилни, оти токму таквите политичари во име на божем разумот, виткаат кичма пред насилници и криминалци, пред сила и закани, вадејќи се дека сме мали, слаби и толку нé бивало. Вистината е дека нив толку ги бива, а поради тоа народот се срами, па се потценува и губи самодоверба. Да го исправам Груевски, Македонија не стана држава за мајтап поради гневот на Македонците што им удрија ќотек на неколкумина бедници, ниту зашто втрчаа во Собранието во кое се одвиваше преврат и се инсталираше албанска држава. Стана за мајтап уште кога преку пржинската платформа тој се согласи на Зоран Заев да му ја предаде власта, а на Џес Бејли организацијата на изборите, судството, обвинителството. А сега ни нуди повторно процедурална борба за одбрана на фронтално нападнатата држава со „псефалоџисти“ и „рикаунтинг“ тактика. Така вмровците го избраа Црвенковски фалсификаторот за претседател. Е, па, кога стигнавме до каде што нé доведоа етапно, плански од почетокот на осамостојувањето на Македонија до денес, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, принудени сме самите да си се организираме, браниме и одбраниме. На нивните сценарија за крај на Македонија и уништување на македонскиот народ преку двовластие како во Либија, Авганистан, Ирак или Сирија, ќе одговориме со народен фронт, со комитлак, гемиџилак, партизански, со народни милиции, виетнамски напади, слободни територии и народна власт. Нема друго чаре. Ако актуелните политичарски „заедници“ и „друштва“ не се способни за антифашистичка борба или се инфицирани со вирусот на западниот фашизам, народот не сака да биде инфициран со таков „разум“. Што би рекле некои „или сте со народот или сте против народот и неговата држава“. Па бујрум, изберете си процедура што ви одговара! Јас веќе еднаш опоменав дека политички и единствен валиден фактор во Македонија сега се македонскиот народ и лојалните граѓани на земјава. Сé друго е тиња и смет, кои ќе се чистат генерално како што е ред, а после поплава.