Македонија

Велиновска: Настапите на Заев личат на реално шоу

Велиновска: Настапите на Заев личат на реално шоу

Зоран Заев од моментот кога почнал да го уценува премиерот, а тој го објави тоа на цела нација, не е веќе политичка личност, туку е лице кое е обвинето за сериозен криминал.

Ова го истакна новинарката Мирка Велиновска во Дневникот на Сител телевизија. Таа смета дека неговите настапи повеќе личат на реално шоу, отколку на политика.

-Го обвинувал актуелниот премиер со мандат кој го добил на регуларни избори. Од тој момент имам чувство како да учествува на некое издание на Џери Спрингер шоу или Големиот брат, додава Велиновска.