Одговорност не значи цензура, туку самоконтрола

Какво засилено присуство, тие се паралелни бројачи на гласови… Јасно кажаа, немојте, ве молам, нема општи поими. Зад општите поими се кријат главните намери. Што се однесува до претседателот на ДИК, како што имаме паралелни министри, ќе имаме официјален претседател на ДИК, формално по устав и ќе имаме неофицијален, а вистински реален по дизајн. Тој ќе седи таму. Тоа го подготвуваа уште на минатите избори, Филип Рикер им упадна, тука беа тука членовите на ДИК што ми кажуваа… Тие тогаш го пробуваа, да видат каква реакција ќе има. Никој не се осмели јавно да каже од членовите на ДИК, туку дојдоа мене да ми кажат јас да го кажам тоа на народот. Во ДИК внатре, од моментот кога ќе почнат изборите, до моментот кога ќе се избројат гласовите ќе седи Бејли, а бројачите ќе бидат паралелени заедно со овие нашите што се по закон.

Веројатно така ќе постои можност и за манипулација на изборите…

Не веројатно, туку сигурно! Во зависност од резултатите, ако се пата-пата, тогаш нема да реагираат, ќе ги поздрават, ама ако се три наспроти еден сметајте дека ќе прават бељи.

Во емисијата „Јади бурек“ кај Јанко Илковски на Сител 3 рековте дека народот треба масовно да излезе на избори и тоа наутро…

Јас топло препорачувам. Од по гласањето ние да си одиме во неколку институции. Ништо нема да правиме, ќе си седиме мирно, ќе си пуштаме музика и ќе чекаме да видиме како ќе реагираат овие, ако не им излезе како што сакаат. Дали ќе тргнат со воен пуч, дали ќе тргнат со нереди, судири меѓу граѓани. Сакам да ги видам институциите и паралелните министри, дали ќе бранат Устав, дали ќе бранат закон, дали ќе удрат на граѓани… Тоа ќе биде. Ама тоа ќе биде јавна претстава, меѓународно. Тоа Грците го направија маестрално. Така се бранеа Венецуеланците два пати… На завршен пуч удрија на институции, за да мора да се повлечат. Значи штом се игра гангстерска игра, не сметате на регуларност и на полагање одговорност од политичари или незнам што… Веќе никого не слушате, туку вие како народ сте поодговорни, се штитите себе си, своето семејство и државата.

Раководството на ВМРО – ДПМНЕ треба да сведочи пред анкетната комисија за прислушувањето. Поради сензитивноста на информациите сведоците побараа нивното сведочење треба да биде од затворен карактер, што наиде на обинувања од опозцијата. Кое е вашето мислење дали треба да биде од затворен карактер или…

Оваа афера за мене е ирелевантна. На некого му требаше да искреира повод за да ја собори легитимната власт за која гласал народот. Со две цели: Да го разочара народот во сопствениот избор и да дојде до смена на еве режимот, на еден недемократски, по гангстерски пат, во валкана пропагандна игра. Затоа им се дадени ним документите од британската служба. Триесетти пат ќе повторам, Британците се тие што го оптегачиле чадорот заштитен на Заев. И првиот пат и вториот пат, и во „Големото Уво“ и сега и сите го знаеме тоа. Има и докази за тоа, само што Македонија и Груевски не се ни Русија, ни Владимир Путин па доказите да ги покаже па цел свет да ги види. Ние немаме таква сила…

Вчера беше донесена одлуката војниците на Фронтекс да бидат распоредени на јужната гранична линија, односно на грчко – македонската граница. Ваш став во однос на ова прашање?

Грција е членка на НАТО и има своја одбранбена стратегија. Во одбранбената стратегија на Грција Гевгелија е во Грција, грчка територија и легитимна цел (како она сега Ердоган што го прави во Сирија каде што се Туркмените). Ако ги распоредеа, ако нашите се согласеа, тука на наша страна да бидат во Гевгелија, тоа значи дека на Македонија веќе и границата и е поместена, ни е одземена територија од 35 километри и е дадена на Грција, односно под контрола на НАТО. На некоја будала очигледно такво нешто и текнало, незнам нашите како реагирале, но штом Грците се согласиле, очигледно им е укажано. Тоа значи креирање на грчката одбранбена воена стратегија и одземање на јужниот дел од Македонија. Затоа што во стратегијата вели дека одбраната оди во длабочина од 35 километри.