Велиновска: СДСМ продуцира криза

Македонскиот народ од 2006 година, секоја година излегува на избори и одредени структури никогаш не дозволиле оние кои ги избираме со нашиот глас да го сработат целиот свој мандат, рече новинарката Мирка Велиновска на вечерашната трибина на ГДОМ во Кисела Вода и обвини дека СДСМ продуцира криза.

-Нивната цел е народот да се умори од ваквата ситуација и да се исфрустрира. Тие вртат терен од правна на политичка разрешница, планираат потоа да се договараат и да дојде до предвремени парламентарни избори. Се залагаат странци да ни ја оправат државата, бидејќи нивна цел е да докажат дека Макеоднија не е способна да одржи сопствена држава, рече Велиновска.

Новинарката очекува доколку ова не им успее на СДСМ да го вклучат и албанскиот фактор, кој досега им бил исклучен од целата игра.

-За лудаци нема да гинеме, аферата ќе заврши на суд, но треба да се судат сите, до инспираторот. Сега СДСМ пуштаат само обични разговори, но она за што е потребен одговор и разрешница е да се дознае кој, што и како планирал, рече Велиновска.

Таа им порача на граѓаните да ги отворат очите и ушите за да го видат и чујат реалното, а не она што другите од нив сакаат да го видат и чујат.