Македонија

Велиновска: Ваков „Пуч“ нема никаде во светот

Велиновска: Ваков „Пуч“ нема никаде во светот

Нема да дозволиме да не стават на линија на фронт. Нашиот народ знае што има преживеано и не ни е првпат да бидеме нападнати. Со сите средства ќе си ги браниме нашите домови и семејства. Ваков „Пуч“ нема никаде во светот.

Ова го истакна новинарката Мирка Велиновска на вечерашната трибина на ГДОМ која се одржува во општина Кисела Вода. Таа потенцира дека тие што измислија дестабилизација и се платени за соработка со странски служби подготвуваат терен за граѓанска војна и тоа никогаш досега и се нема случено на Република Македонија.

anrod_thumb_medium500_281

-Под чест ми е да зборам за такви луѓе на кои државата ништо не им значи. Тие профитираат од ова и се марионети кои му прават белја на сопствениот народ. Овие луѓе сакаат да не вратат во 2011 година. Така почна и тогаш со афера за прислушување, наречена „Големото уво“. СДСМ сака да го премости македонскиот народ за да се “ушуња“ на власт и тогаш во таа 2001-ва година беше така и тогаш Верушевски работеше, но ние влеговме во таа стапица, кога ни ја наместија територијалната организација, истакна Велиновска