Велиновска: Времето си го трошиме на конструирани работи

Ние времето си го трошиме на намерно лошо поставени тези, истакна новинарката Мирка Велиновска во синоќешното гостување во шоуто на Миленко Неделковски.

– Времето си го трошиме на намерно лошо поставени тези, на конструирани работи, за да ни биде и остане системот ваков каков што е. Да остане каков што е, а да произведува послушност меѓу другото, рече таа.

Велиновска истакна дека секогаш се залага за радикални реформи во образовниот систем. Во гостувањето во шоуто на Неделковски зборуваше за потребата од вакви реформи.

-Се залагам за радикални реформи во образовниот систем, при што многу е значајно или ударната игла на секоја таква реформа би било да има наставнички, професорски кадар кој ќе го тренира студентот, односно ќе го стимулира, како теретана за мозок, истакна Велиновска.