Вељаноски: Ако се мине преку обидот за нелегален избор на претседател на Собранието, се урива системот (ВИДЕО)

За идните случувања во Собранието можее да се зборува од два аспекта, од правен легалистички и од политички, а јас прво ќе кажам од правно легалистички дека доколку го почитуваме правниот поредок и нормите, ние ќе имаме држава, но доколку не го почитуваме – немаме држава и во сите демократски држави е така и основата во демократијата е да се почитуваат правилата, речев Трајко Вељаноски во централниот дневник на телевизијата Сител во саботата вечерта.

 

„Не смее некој да се удира во гради и да вели дека ја има бројката и ќе прваи онака како што тој сметм дека треба да се прави. Со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието го прекршија Законот на Собранието, Уставот и Деловникот на парламентот наМакедонија. Го прекршија член 9 од Деловникот, членот 63 од Уставот и согласно Законот собранискиот канал ја пренесува седницата а не можат тие со мобилен телефон да ја пренесуваат. Тие го прекшија и член 80 од став 2 од Деловникот, каде што пишува дека на секој кој побарал збор треба да им се овозможи тоа, и оти додека сите не завршат со зборот не може да се прејде на следната точка. Тие, исто така, го прекршија кворумот, врз која основа увидоа колку има присутни пратеници и колку гласале. Исто така, ги изоставија и службите, и гласањето не беше легитмно. Врз која основа тие утврдија колку гласале ’за’, а колку пратеници биле ’против’ и колку имало воздржани, воопшто колку патеници биле присутни“, запраша актуелниот претседател на македонсото Собрание.

Вељаноски потенцираше и дека во вакви случаи мора да се придржува до правото, зашто во спровитвно политика ќе надвладее и, според него,  ќе се случат едни несмасни работи во државата и ќе настане тотален хаос.

„Политиката треба да го следи правото, и тоа не смее да биде над него, бидејќи не може некој да биде претседател на Собрание без да се објави одлука во Службен весник. Вршен е притисок и го избрале Талат Џафери за претседател без да биде објавен во службен весник“, додаде Вељаноски.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.