Вељаноски денеска ќе ги распише превремените парламентарни избори

избори

Претходно, како што соопшти кабинетот на Вељаноски, тој ќе има средба со претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.

Распишувањето на изборите е овозможено по вчерашното распуштање на македонскиот Парламент.

Со 110 гласови „за“ пратениците вчера попладне ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, со што се овозможува одржување предвремени парламентрани избори на 11 декември, согласно договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии за надминување на политичката криза.