четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Вељаноски: Ќе се стимулира мигрирањето од град во село

Во програмата „Реално“ од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има многу проекти, а еден од најзначајните проекти е проектот за руралени развојни зони, затоа што со него се намалува бројот на невработени во Република Македонија но исто времено и водиме сметка и за рамномерен регионален развој, изјави денес Трајко Вељаноски кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица.

зони

Поврзани вести

Проектот рурални развојни зони дава даночни и други ослободувања и финансиска помош на лица кои што сакаат да отпочнат бизниси во руралните подрачја. Проектот ќе опфати вкупно 1.600 рурални подрачја низ територијата на  Република Македонија. Критериуми кои се рурални подрачја се дефинирани во член 63 од законот за земјоделство и рурален развој, а во градот Скопје ќе бидат опфатени и оние места кои се одалечени 5 километри надвор од центарот на општината. Инаку тука во општина Гази Баба опфатени се 15 такви места во кои што ќе може да се применува проектот рурален развојни зони, согласно овој проект оние лица кои што ќе инвестираат во таквите зони треба да инвестираат во индустриски капацитети, откупни дистрибутивни центри, спа центри, хотели со најмалку 20 соби, а исто така овој проект опфаќа и други капацитети значајни за државата, истакна Вељаноски.

Тој потенцираше и дека за да може да функционира овој проект мора 80 отсто од вработените лица во таквите капацитети мора да бидат пријавени во Агенцијата за вработување најмалку 6 месеци, а контрола за тоа дали се исполнуваат сите услови ќе има Министерството за финасии.

Проектот исто така во наредните 10 години ќе има ослободувања на данокот на добивка, исто така ќе имаа ослободување и на персоналниот данок на добивка исто така во наредните 10 години и тоа во три просечни плати за оние лица кои се вработени со основно и средно образование и  до пет просечни плати за оние кои се вработени со високо образование. Исто така ќе има и ослободување во социјалните придонеси до 50 проценти во наредните 10 години, а исто така ќе има и финасиска помош која ќе се дава за изградба на таквите капацитети. Согласно контролата за овој проект ќе се грижи посебно одделение во Министерството за финасии кое што ќе се грижи за спорведување на овој проект, додека од секоја општина исто така ќе има и по едно лице кое ќе се грижи за развој на проектот. На овој начин и преку овој проект овозможуваме намалување на миграцијата село-град  и потикнуваме миграција град-село, а со оваа програма „Реално“ овозможуваме вработување на невработените лица . Во новата четири годишна програма бројот на овие ново отворени места би треба да изнесува над 70.000 илјади ново отворени работни места ширум земјава, изјави Вељаноски.

Најчитани вести