Вељаноски ќе го отвори 53. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска во 21,00 часот, на сцена Долни Сарај во Охрид ќе го отвори 53. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на Националната установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.

Фестивалот кој важи за најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите ќе трае од 6 до 11 јули 2014 година.