Вељаноски ќе присуствува на четвртиот меѓународен форум „Let my people live!“

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на спикерот на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Јан Хамачек, претседателот на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Милан Штех и претседателот на Европскиот еврејски конгрес, Моше Кантор, денеска и утре (26 и 27 јануари 2015 година) ќе учествува на Четвртиот меѓународен форум „Let My People Live!“.

Форумот ќе се оддржи во Прага, Чешка Република. На овој настан ќе се одбележи 70 годишнината од победата над фашизмот и ослободувањето од логорите на смртта во Европа.

Форумот ќе се фокусира на 3 панел дискусии за растот на антисемитизмот, расизмот и политичкиот и религиски екстремизам во Европа.