Вељаноски ќе се сретне со новиот израелски амбасадор

Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието на Република Македонија, денеска ќе се сретне со новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Државата Израел за Република Македонија Дан Ориан, со седиште во Ерусалим.

Амбасадорот ќе му ги предаде акредитивите.

Амбасадорот Дан Ориан ќе има средба и со потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, како и со претседателот и членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел.