Вељаноски ќе се сретне со Прибе и Померој

Претседателот на Собранието на Република Македонија,Трајко Вељаноски денеска ќе се сретне со поранешниот официјален претставник на Европската комисија Рајнхард Прибе и со поранешниот американски конгресмен Ерл Померој.

Вељаноски ќе се сретне со поранешниот директор во Директоратот за проширување во Европската комисија Рајнхард Прибе. Попладне првиот парламентарец ќе го прими и поранешниот американски конгресмен Ерл Померој.