Вељаноски на Конференција на претседатели на Парламенти

Вељаноски на Конференција на претседатели на Парламенти на земјите од Западен Балкан.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски ќе учествува на Седмата Конференција на претседатели на Парламенти на земјите од Западен Балкан, на покана на претседателот на Националното Собрание на Унгарија, Ласло Ковер.

Во рамките на Конференцијата, претседателот Вељаноски ќе се обрати на првата сесија: „Југоисточна Европа на патот кон Европската Унија“, а на втората сесија „Актуелни безбедносни предизвици во Југоисточна Европа – можни решенија“ ќе има свое обраќање и ќе биде ко-претседавач заедно со домаќинот на Конференцијата, претседателот на Националното Собрание на Унгарија, Ласло Ковер.