Вељаноски на пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета, утре ќе учествува на Втората пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Тирана, Република Албанија.

Во рамки на Пленарната сесија, претседателот Вељаноски ќе се обрати на тема: „Улогата на парламентите во процесот на интеграција и размена на искуства и соработка во оваа рамка“.