Вељаноски на средба со црногорскиот, косовскиот и албанскиот колега

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска на маргините на втората пленарна сесија на Парламентарно собрание на Парламентарното собрание на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Тирана имаше средби со колегите од Црна Гора, Косово и Албанија, Ранко Кривокапиќ,  Кадри Весели и Илир Мета.

На средбите, како што соопшти собраниската прес-служба, било разговарано за актуелните состојби во земјите и продлабочување на соработката меѓу парламентите.

Претседателот на Косовскиот парламент изразил благодарност за искажаната поддршката за вклучувањето на делегацијата од Приштина во активностите на Парламентарното Собрание на ПСЈИЕ, како рамноправна членка на Собранието, пренесува МИА.

Претседателите на македонското и албанското Собрание, како што е наведено во соопштението, го нагласиле значењето на парламентарната соработка во процесите на интеграција и изразиле задоволство од досегашната регионална соработка. Констатирале дека постои простор за унапредување на соработката на полето на енергетиката, животната средина, земјоделството и туризмот. Двајцата претседатели на парламенти се осврнале и на развојот и изградбата на Коридорот 8, односно изградбата на железничката линија меѓу Македонија и Албанија, што дополнително би ги поврзало двете земји, но и регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.