недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Вељаноски: Некој не сака да се откаже од веќе замислено сценарио

Најпрво се одложуваше објавувањето на соопштување на мандатите од страна на ДИК, а потоа БЕСА и СДСМ поднесоа приговори до ДИК. Сите овие дејствија се однесуваат по закрила на тајност, вели Вељановски.

trajko-veljanoski

Последни вести

Во недела ги имавме еден од најдобрите изборни процеси во Македонија и истите беа верификувани и од Меѓународната заедница и од домашната заедница кои потврдија дека изборите беа најдобро изведени во 25 години самостојност на Македонија, истакна во Дневникот на Сител, се’ уште актуелниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.Предвремените парламентарни избори на 11 декември, беа 9-ти по ред и истите беа спроведени демократски и мирно.

-Сите ние треба тоа да го почитуваме. Јас како претседател на Собрание се надева дека во текот на оваа недела изборните резултати ќе бидат официјални и ќе ја одржиме конститутивната седница, но гледам за жал дека некој не сака да се откаже од нешто што го има претходно замислено како едно сценарио, вели Вељаноски.

Најпрво се одложуваше објавувањето на соопштување на мандатите од страна на ДИК, а потоа БЕСА и СДСМ поднесоа приговори до ДИК. Сите овие дејствија се однесуваат по закрила на тајност.

-Мислам дека ДИК непотребно ги одолговлечуваше часовите на соопштување, со што се влијаеше на тензијата и додаде дополнително масло на огнот во кое што оние резултати кои што се официјални и се потпишани од сите релевантни органи за спроведување на избори. ДИК има само еден едноставен формулар каде што она што е запишано треба да го стави во табела. Според мое мислење можеше и после полноќ да излезе со прелиминарните резултати. Во понеделникот, таа тензија која што според мене непотребни ја создаде ДИК, доведе до мотив за одржување на прес конференцијата на господинот Зоран Заев кој што  создаде непријатности кај домашната јавност, и во која што рече дека условно не ги признава резултатите па дури и непотребно се заканува, велејќи дека Груевски не смее да формира Влада. Дополнително беа приговорите каде што БЕСА и СДСМ кои што заедно, односно БЕСА ги напаѓа изборните резултати во ИЕ 2, а СДСМ во ИЕ 6. БЕСА во ИЕ 2 го напаѓа пратеничкото место на ВМЕО-ДПМНЕ, односно на 9-от пратеник и тоа во оние места каде што има претежно албанска етничка заедница. Сакаат во ИЕ 2 БЕСА да добие пратеник, а да изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Во ИЕ 6, каде што СДСМ има поднесено приговор исто како БЕСА во ИЕ 2, 8 на број, и исто се таргетираат изборните места онаму каде што има претежно албански гласачи. Во неделните избори имаше еден контингент на гласови кои што беа дадени на една политичка партија, СДСМ од страна на Албанците, се пресметаа дека тоа е малку па сега прават дополнителен изборен инженеринг за да земат 2 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и да си ги поделат СДСМ и БЕСА, објаснува Вељаноски, кој вели дека БЕСА и СДСМ имаат договор.

Целото гостување погледнете го на следниот линк:

 

Најчитани вести