Македонија

Вељаноски оствари средба со Фатос Река

Вељаноски оствари средба со Фатос Река

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски оствари средба со Фатос Река. Река е новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Македонија.

Вељаноски оствари средба со Фатос Река

Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, на почетокот на средбата двајцата соговорници изразиле големо задоволство од првата средба и можноста да се разменат мислења.

Претседателот Вељаноски и амбасадорот Река се согласија дека парламентарната дипломатија е еден од важните елементи на дипломатијата во целост и дека соработка помеѓу Македонија и Албанија е најдобар пример за тоа. Амбасадорот Река изрази надеж дека неговиот амбасадорски престој во Македонија ќе биде продуктивен и ќе добие поддршка во развојот на многу области, особено во однос на равојот на економската соработка. Од големо значење е ангажманот на амбасадорот особено поради етничкo албанскaта заедница во Македонија. Претседателот Вељаноски истакна дека Република Албанија е соседска пријателска држава со која постои одлична соработка во многу области. Исто така укажа на одличната парламентарна соработка на највисоко ниво. Тој потенцира дека од особено значење е заедничкиот придонес во развојот и подобрувањето на животот на граѓаните за кој постои можност да се постигне и на регионално ниво, соопштуваат од кабинетот на претседателот Вељаноски.

Двајцата соговорници се согласиле дека заедничките средбите се позитивен пример за граѓаните и дека преку нив може да се дојде до нови идеи за развој. Меѓу другото, била потенцирана и важноста на албанската етничка заедница во Македонија како и на македонската заедница во Албанија. На крајот соговорниците изразиле желби за понатамошна соработка и заеднички проекти на двете земји и се согласиле околу идејата дека посветувањето на внимание неизбежно води кон успех.