Вељаноски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарска Конфедерација

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, оствари прва средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарска Конфедерација во Република Македонија, Сибил Зутер Техада.

Претседателот Вељаноски и’ посака добредојде и успешна работа на Зутер Техада за време на нејзиниот мандат во Република Македонија.

Како што информираат од Кабинетот на Вељаноски, за време на средбата соговорниците разговараа за швајцарската поддршка кон Собранието на Република Македонија преку проектот „Поддршка за основање и развој на Парламентарниот институт”, чие што функционирање придонесува во развивањето на парламентарните капацитети.

Претседателот Вељаноски ја истакна досегашната успешна соработка со швајцарската амбасадата и притоа искажа подготвеност за продолжување на соработката преку други проекти кои се од интерес за развој на парламентарното работење на Собранието на Република Македонија.

Новоименуваниот амбасадор се заблагодари за приемот и искажа отвореност за продлабочување на соработката со Собранието на Република Македонија.