Вељаноски потпиша Решение за распишување предвремени избори

Претседателот на Собранието на Република Макједонија Трајко Вељаноски потпиша решение за распишување предвремени парламентарни избори.

Соопштението од Кабинетот на претседателот ви го пренесуваме во целост:

Почитувани сограѓани,

Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за  распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и Министерството за надворешни работи.

Почитувани граѓанки и граѓани,

Верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера и дека секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на оние политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина.

resenie-1