Вељаноски: Празникот нека ги зближи сите верници и нека даде поттик за добри дела

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов по повод празникот Раѓањето Христово-Божиќ, кој го прославуваат верниците од Католичка вероисповест.

„Христовото раѓање е почетокот на духовна промена за човековиот род, меѓник за поделба на новата и старата ера и најрадосниот ден за секој верник во христијанството. Ова е празникот кој е исполнет со многу љубов и топлина, кон Бога, семејството и ближните, како и верба во себе и во другите. Денешниот голем христијански празник, нека ги зближи сите верници и нека даде поттик за создавање на добри дела, без лоши мисли и почит кон христијанските вредности на мир, соработка и заедништво,“се вели во честитката на Вељаноски.