Вељаноски до СДСМ: Во моето денешно соопштение е објаснето зошто неможе да се свика седница

Сакам да ги упатам лидерите на СДСМ, поточно двоецот Заев-Шекеринска, на моето денешно соопштение во кое многу јасно е објаснето зошто според Уставот не може да се свика седница на Собранието, порача претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Интегрален текст од соопштението од Вељаноски:

Со последното соопштение на СДСМ, кое е типично за нивната улична политичка култура, Заев и водството на партиjата повторно ме обвинуваат дека jас, како претседател на Собранието на Република Македониjа, не свикувам седница за покренување на постапка против Претседателот, г. Ѓорѓе Иванов.

И овој пат, сакам да ги упатам лидерите на СДСМ, поточно двоецот Заев-Шекеринска, на моето денешно соопштение во кое многу јасно е објаснето зошто според Уставот не може да се свика седница на Собранието.

Истовремено, многу децидно напишав дека не ја прифаќам Одлуката за аболиција која ја донесе Претседателот Иванов, и притоа истакнав дека секој политичар мора да сноси одговорност за своите постапки и одлуки. За жал, водството на СДСМ, барем досега, покажа дека му недостасува токму чуството за одговорност кон граѓаните и државата.