Вељаноски се сретна со Фиона Мекилвам

Вељаноски се сретна со Фиона Мекилвам
Вељаноски се сретна со Фиона Мекилвам

Претседателот Вељаноски денеска оствари средба со шефот на Секторот за Западен Балкан и проширување на Канцеларијата за надворешни прашања и Комонвелт, Фиона Мекилвам.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Гарет.

На средбата, претседателот Вељаноски искажа задоволство од постигнатото ниво на пријателски односи меѓу двете држави и од поддршката која Обединетото Кралство ѝ ја дава на Република Македонија за која смета дека е искрена и пријателска.

Претседателот Вељаноски се осврна на остварените проекти во соработка со амбасадата на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија за јакнење на целокупните капацитети на Собранието на Република Македонија, реализирани преку Фондацијата Вестминстер и искажа подготвеност за оддржување и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

На средбата се разговараше и за повеќе актуелни прашања, како и за политичката состојба во Република Македонија, каде двајцата соговорници беа согласни дека недоразбирањата и политичките ставови треба да се искажуваат во институциите, односно во Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом кој ја има клучната улога во реализација на реформите. Соговорниците го поздравија отпочнувањето на политичкиот дијалог со враќањето на опозицијата во работата на Собранието на Република Македонија. Двајцата соговорници се согласија дека во овие моменти на политички реформи важна е поддршката од клучните пријателски земји на Република Македонија.