Вељаноски се сретна со претседателката на грчкиот Парламент Константопулу

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска имаше куса неформална средба со претседателката на грчкиот Парламент Зои Константопулу. Вељаноски и Константопулу учествуваа на дводневната Конференција на претседатели на парламенти од ЕУ што се одржа во Рим, пренесува МИА.

Кабинетот на претседателот на Собранието, соопшти дека куртоазната средба се одржала на маргините на Конференцијата и оти била потенцирана потребата од парламентарна соработка во контекст на започнување на градење на доверба помеѓу двете држави.

Претседателот на Собранието Вељаноски на Конференцијата во Рим имаше обраќања посветени на јакнење на политичкиот дијалог и за спарвувањето со финансиската криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.