Вељаноски се сртена со Делегацијата на ПССЕ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски се сретна со Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа која е во предизборна мисија за предвремените парламентарни избори во Република Македонија. Делегацијата е предводена од страна на Штефан Шенах, пратеник од Социјалистичката група на Австрија.

На почетокот на средбата претседателот Вељаноски им посака добредојде и го изрази своето задоволство што делегација на ПС на Совет на Европа е во предизборна мисија во Република Македонија.

Претседателот Вељаноски на членовите на делегацијата им ги претстави актуелните случувања во државата по својот хронолошки развој како и својата улога и улогата на Собранието во целата политичка сцена. На средбата се разговараше за правната рамка во која се развиваат и би се оддржале предвремените парламентарни избори.

3

Претседателот Вељаноски укажа дека Собранието на Република Македонија треба да е дел од сите преговори преку кои се води дијалог од кој произлегува договор. Тој потенцираше дека отсуството на Собранието во преговорите е голем недостаток во разрешувањето на политичката криза во државата имајќи во предвид дека реализирањето на договорот во најголем дел се одвива преку Собранието.

Тој потенцираше дека според уставно-правната регулатива во моментов не постои можност за свикување на собраниска седница и укажа дека сите политички фактори треба да си превземат одговорност и да покажат зрелост во однесувањето.

Членовите на делегацијата покажаа интерес за конкретни прашања кои се однесуваа на оддржувањето на изборите на 5 јуни и евентуалниот бојкот на опозицијата на предвремените парламентарни избори.

Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа беше составена од г. Франк Јенсен, пратеник од Европски народни партии на Норвешка, г. Ерик Нилес Крос, пратеник од Алијансата на либерали и демократи за Европа на Естонија, г. Том Пацкален, пратеник од  Групата на европски конзервативци на Финска, г. Андреј Хунко, пратеник од Група на обединета европска левица на Германија, г-ѓа Лиза Кристорферсен, пратеничка од Групата на Социјалисти на Норвешка и известител на пост мониторинг дијалог со Република Македонија и г.Валериј Гилечи, пратеник од  Група на Европски народни партии Молдавија и известител на пост мониторинг дијалог со Република Македонија.