Вељаноски: Собранието е сржта на парламентарната демократија

Собранието е сржта на парламентарната демократија, која е основа на поредокот на државата. Натамошното јакнење на нејзините темели е најважна задача на овој дом на македонските граѓани. Ова е пораката што денес ја упати претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во своето обраќање по повод одбележувањето на соработката меѓу Парламентот и Вестминстер фондацијата за демократија.

Како што нагласи, Собранието на Република Македонија е место каде се пресекуваат проблемите со кои се соочува државата, исто како и успесите. Затоа треба да се вообличи концепт и сите да манифестираат подготвеност да се решаваат проблемите.

Вељаноски: Собранието е сржта на парламентарната демократија
Вељаноски: Собранието е сржта на парламентарната демократија

Претседателот на Собранието рече дека управувањето со државата е одговорност која им припаѓа на владејачките партии, но, како што посочи, не е помала одговорноста и да се биде опозиција и заради тоа доаѓањето на опозицијата треба да се доживее како израз на таква одговорност  и тоа ќе му даде полна смисла на македонскиот Парламент.

Тој се обврза на соработка со сите за остварување на заедничката цел демокртска и економски развиена Македонија.

Имаме обврска пред народот како политичари од сите бои да си поддадеме рака на единство. Да покажеме дека претставниците на народот промовираат единство и дијалог, а не конфликти и расправии. Да бидеме едно кога се работи за Македонија, рече претседателот на македонскиот Парламент.

Парламентот е срцето на демократијата, смета и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија Чарлс Гарет. Парламентот, според него, е срцето на македонската демократија кој пумпа крв во ситемот и носи кислород до виталните органи. Од оние кои се избрани во Парламентот, потенцира, не се очекува да отвораат изложби туку направат се што можат во интерес на народот.

Во таа смисла утре е многу важен ден. Со враќањето на Парламентот во полна сила крвта на демократијата може да почне да циркулира повторно. Политичкиот договор во Пржино не доведе до тоа кога беше потребна храброст и флексибилност од политичките лидери. Успешното враќање во Парламентот утре ќе ја бара истата храброст и флексибилност од вас како пратеници, порача Гарет.

Димовски: Собрание значи собир на различни луѓе, идеи, мисли и интереси

Македонија, смета координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски, се уште е млада парламентарна демократија коа има наследство од еден еднопартиски систем во кој плурализмот слободата на мислата идеите и застапувањето на различните интереси биле забранета димензија.

Ние, рече, се уште имаме потреба да разбереме дека Собрание значи собир на различни луѓе, идеи, мисли и интереси. Треба да се научиме конечно, додаде Димовски, дека монополот на мислата и идејата и на одлуката во македонското Собрание не го носи никој, туку се носи врз база на една утврдена процедура правила и меѓусебна почит.

Вељаноски: Собранието е сржта на парламентарната демократија
Вељаноски: Собранието е сржта на парламентарната демократија

Наша обврска е да прифатиме дека македонското општество никогаш повеќе нема да биде општество во кое ќе има центар на една мисла, одлука и на еден начин на постапување. Најзначајно е да прифатиме дека македонското општетво и Собрание е собир на плурализам идеи и постапувања. Затоа во таа насока почитувајќи го искуството на британскиот и другите претставнички домови да го изградиме македонскиот Парламент, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

На одбележувањето на оваа годишнина на соработката во македонскиот Парламент присуствуваа и пратеници од опозицијата, иако нивното враќање во Парламентот официјално треба да биде утре.